Search
Search

Прекрасна акција: Скопски активисти поставија шарени куќички за бездомни кучиња

Историчарот на уметност, но и познат скопски активист, Никола Писарев соопшти дека на повеќе локации низ Скопје ќе бидат поставени шарени куќички за бездомни кучиња.

Акцијата ја спроведе „Урбани уметнички/герила акции“, којашто работи во состав на Центарот за современи уметности.

Фото: Фејсбук/Никола Писарев

„Среќна Нова скопски стритери. Десет куќички за вдомување на кучињата кои живеат по скопските маала. Куќичките се новогодишен подарок за кучињата и за Скопје од групата Урбани уметнички/герила акции.

Во текот на денот куќичките ќе бидат наместени на различни локации во Скопје.

Фото: Фејсбук/Никола Писарев

Скопје може да биде и убав град“, пишува во објавата на Фејсбук.

Инаку, Писарев е автор на многу проекти кои имаат силен фидбек во македонското и регионалното граѓанско општество.

Тој е и основач на повеќе граѓански иницијативи, како „Го сакам ГТЦ“, Иницијатива за спасување на реката Радика, „Арсена“, „Охрид SOS“ и многу други локални иницијативи ориентирани кон заедницата.

 

 

 

АКТУЕЛНО