Search
Search

Преку „Пакомак“ рециклирани 27 521 тон амбалажен отпад

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ги објави своите резултати од напорите за организирана заштита на животната средина за 2022 година. Според официјалните извештаи, компаниите-членки на „Пакомак“ пријавиле 47 705 тони амбалажен отпад од кои 27 521 тон или 57,7 отсто се рециклирани.

Согласно Законот за управување со отпад, „Пакомак“, како што соопшти, не само што ги исполни, туку и ги надмина поставените национални цели.

-Покрај редовните и континуирани инвестиции во инфраструктура за одложување на отпад, во 2022 година за истакнување е инвестицијата во 30 нови повратни вендинг машини за амбалажен отпад, како начин за дополнителна стимулација на населението за селектирање пластични шишиња и лименки. Повторно се организираше конкурсот „Trash for Art“ поттикнувајќи креативност и покажувајќи дека амбалажниот отпад може да има и друга намена. Заедно со партнери се организираше фестивалот Sound of Green, на кој беа собрани речиси 4 контејнери пластични шишиња и лименки, или над 4000 парчиња амбалажен отпад, кој гостите го носеа со себе како влезница, наведува компанијата.

Околу 1 500 угостителски објекти го селектираат стаклениот отпад преку системот на „Пакомак“.

Според извршниот директор, Филип Ивановски, „Пакомак“ ќе продолжи со инвестиции во комунална инфраструктура, бидејќи во некои општини сè уште недостигаат контејнери за комунален отпад, а нема и контејнери за селективно собирање.

АКТУЕЛНО