„Преспанскиот договор е реалност, а Договорот со Бугарија може да се репреговара“, вели Мицкоски

Христијан Мицкоски денеска од Бутел ја коментираше изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер, која рече дека нема репреговарање на Договорите од Преспа и со Бугарија за влез во ЕУ.

„Договорот од Преспа ние кажавме уште пред многу години дека е реалност, и дека е дел од уставниот и правниот поредок на Република Македонија и не треба да се има дилема, а што се однесува до уставните измени, кои се дел од францускиот предлог кој е додаток за Договорот за добрососедство со Бугарија. Јас сум рекол дека диктати и ултиматуми не репреговараме, така што Договорот за добрососедтво штом е додаден, односно репреговаран со францускиот предлог, не гледам зошто да нема некој додаток плус да репреговараме за да го заштитиме македонскиот индетитет и да немаме повеќе услови за членство во ЕУ. Ако се бара да има промена во уставот за неколку сограѓани кои се дел од бугарската заедница, тогаш треба да видиме што е со оние македонски граѓани во Бугарија. Треба да видиме зошто бараат влнесување на Бугари во Уставот, дали се загрозени некои нивните човекови права и да видиме во Европа која е таа институција која треба да донесе дали некои права се прекршени или не се. Таа институција е судот за човекови права во Стразбур. И ако видите на семафорот така да се изразам спортски, ќе видите дека е 14-0 во наша корист. Односно 14 пресуди за макеоднската заедница во Бугарија чии права се нарушени, и нула за бугарската заедница во Македонија, значи не се нарушени нивните права. Така што мора да има политика која нема да се темели на двојни стандарди. Се додека сум ја премиер немам намера да водам политика со двојни аршини. Човекот политичар кој во 21 век вели дека е европски, а ги укинува човековите права на една заедница, ирптиоа вели дека ние сме биле против бугарската заедница, тоа е политика на средниот век. Ние ги почитуваме тие неколку стотина граѓани кои се дел од бугарската заедница кај нас, но бараме Бугарија да ги почитува малцинските права на Македонците“, рече Мицкоски.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави