Search
Search

Претпладне променливо облачно со услови за дожд, попладне сонце

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во Скопје времето ќе биде претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

До недела попладне ќе се задржи претежно стабилно и суво време со постепен пораст на температурата. Во недела кон крајот на денот и во ноќните часови кон понеделник ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60 км/час).

Во почетокот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, температурата ќе биде во опаѓање, а на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег.

 

АКТУЕЛНО