Search
Search

Приватните превозници се уште не ги добиле ветените субвенции од Арсовска

Приватните превозници ќе чекаат до вторник да бидат одобрени средства на седница на Град Скопје за да им бидат исплатени заостанатите средства.

Од одлуката во вторник ќе зависи дали ќе продолжат со работа или повторно ќе излезат на улица да протестираат. Според информации на Телма им било ветено дека советниците ќе ги изгласаат субвенциите за ЈСП со кои би се покрил и долгот кон приватните превозници. Приватните превозници пред околу половина година почнаа повторно да сообраќаат и да ги опслужуваат граѓаните откако се договорија со Арсовска да им ги исплати средствата кои ЈСП им ги должел претходните години и им вети дека ќе им даде субвенции со кои ќе треба да го обноват возниот парк… Тие субвенции до сега не ги добија.

АКТУЕЛНО