Search
Search

Привршува чистењето на коритото на реката Серава 

 

Коритото на реката Серава, во должина од 1,4 километри во населеното место Радишани наскоро ќе биде целосно исчистено, а за една недела почнува да се ѕида коритото.

Од Општина Бутел соопштија дека е направена контрола на градежните активности, при што инсистирале максимално да се внимава за најголем дел од зеленилото покрај реката да биде задржано.

-Кажано е да се отстранат само дрвјата кои се внатре во коритото, и оние кои се многу стари и претставуваат опасност за жителите – нагласија од Општина Бутел.

 

АКТУЕЛНО