Search
Search

Продавниците, штандовите и киосците нема да работат за Божик

На денешната владина седница е променета препораката за работа во недела и за време на божиќните празници за трговците на мало. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, 7 и 8 јануари се неработни денови, согласно Законот за празници.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Владата на Република Северна Македонија на денешната 216-та седница ја промени препораката за работа во недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на 214-та владина седница – се вели во соопштението.

Владата на денешната седница одлучи да престане да важи препораката за работа на 7 и 8 јануари 2024 година на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало за време на божиќните празници.

На претходната седница, Владата донесе одлука на 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година и 7 јануари и 8 јануари 2024 година да работат продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало.

Како што информира владината прес-служба, целта на оваа препорака е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови).

-Исто така, за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе придонесат во растот на потрошувачката во државата, се наведува во соопштението од Владата.

АКТУЕЛНО