Search
Search
Фото/Градска редакција

Продолжува голготата на избрканите од ЈП Комунална хигиена

Управниот одбор на ЈП Комунална Хигиена повторно ја одби како неоснована  приговор – жалбата  на  избрканите од ова претпријатие.  Градска редакција обезбеди документ на кој кратко стои дека членовите на Управниот одбор  ја отфрлуваат како неоснована жалбата на еден од подносителите на жалбата. Имено 34 вработени кој на 10.07.2024 година поради протест внатре во просториите на ЈП Комунална хигиена добиле отказ од работа.

Првично веднаш после 34- те откази, Управниот одбор одобри враќање на работа шестмина кои беа избркани од поранешната директорка Косана Мазнева.

Од друга страна во неколку наврати Државниот инспекторат на трудот при Министерството за труд и социјална политика  по инспекциската вонредна контрола утврдиле дека неосновано се избркани 31 вработен од ЈП Комунална хигиена-Скопје.  Во решението кое го обезбеди Градска редакција се вели дека ЈП Комунална хигиена не постапила по првичното решение на инспекторатот.

Потсетуваме дека поради штрајк  на вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје, директорката Косана Мазнева им даде отказно решение на 34 вработени во ова јавно градско претпријатие.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО