Промоција на Речник на поими од медиумска писменост

Во Американското катче во зградата на Економскиот факултет при УКИМ, денеска ќе биде промовиран Речникот на поими од медиумска писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот.

На настанот се поканети новинари со кои ќе се дискутира за важноста на медиумската писменост и користењето на македонскиот јазик во медиумите.

Во Речникот e презентиран соодветен превод на дел од поимите од медиумска писменост што досега се користеа како англицизми.

Речникот и игровните активности се финален продукт што произлезе од активностите во проектот „Намали ризик – медиумска писменост на македонски јазик“, како субгрантиран проект на Do not MIS/DIS TechCamp Ohrid во организација на Стејт Департментот преку Амбасадата на САД и партнерската организација Центар за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави