Денеска во 18.30 часот во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи промоција на првата книга на Ана Василевска, „Дискретниот шарм на македонскиот филм“. Промотори на книгата се режисерите Ана Опачиќ и Даријан Пејовски.
Книгата на новинарката Василевска дава опис на разојот на кинематографијата и е илустрирана со плакатите од филмовите.
Како што вели авторката е „посветена на сите сонувачи што ги создадоа темелите на независната продукција и оние што беспоштедно ќе ги градат новите патеки“.