Search
Search
Градска редакција

ФОТО – Прв Фестивал за миленици „Пет фест Скопје“

Дружење, совети за миленичиња, едукативни програми, танц со деца. Денес, на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк ќе се одржи првото издание на фестивалот за миленици „Пет фест Скопје“.

Градкса редакција

Најавена е 12-часовна програма со забавни и едукативни содржини за деца, возрасни и за нивните миленици. Ќе има модерни танци за деца, танцување со маскоти кучиња, претставување на егзотични инсекти и птици грабливки, програма од Македонското еколошко друштво со документарен филм за дивиот свет, спасувачки приказни од Скопје ЗОО, едукација за стерилизација и кастрација на мачки, сведоштва за вдомени миленици и детско катче со „Бибиверзум“.

Фестивалот завршува со проекција на македонскиот филм „Стела“ на Стојан Вујичиќ и диџеј настапот на Соња Исмаил.

Градска редакција

Влезот е бесплатен, а целта на „Пет фест“ е да се подигнат јавната свест за чување миленик, љубовта кон животните и одговорното сопствеништво. Организаторите велат дека овој фестивал ќе прерасне во традиција.

 

АКТУЕЛНО