Пукање кон телевизија „Топ чанел“, убиено лице од обезбедувањето

Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз Топ чанел, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот.Во инцидентот, што се случил во околу 1 часот, убиен е Пали Кола (60) лице од обезбедувањето.Возило “Ренџ Ровер”,  за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено.Експресно реагираше албанскиот претседател, Бајрам Бегај ,кој настанот го оцени за тежок инцидент и побара од надлежните брзо расветлување на случајот, изразувајќи притоа сочувство до семејството на настраданиот.

Топ чанел излезе со соопштение, по синоќешното убиството во просториите на оваа телевизија.

Во реакција до медиумите напишаа дека ова е удар врз слободата на говорот. Тие го нарекоа нападот „терористички напад“.

Исто така, Топ Ченел изразува дека овој „невиден терористички чин е извршен за да се оштети и нападне мисијата на слободните медиуми и моќта на слободата на говорот“.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави