Search
Search

Пунктот за фотографирање за лични документи во „Пролет“ од утре ќе работи само со закажување

Пунктот за фотографирање за лични документи во Полициската станица „Пролет“ од утре нема да работи без закажување, туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година.

Трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок. Истовремено, оние ослободени термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации – соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од утре во склоп на пунктот во „Пролет“ ќе работат 14 базни станици, на кои граѓаните ќе можат да се фотографираат. Од понеделник ќе се воведе и фотографирање во втора смена.

Граѓаните кои сакаат да си закажат термин за фотографирање за лични документи, ќе можат тоа да го направат телефонски. Закажувањето преку интернет, од МВР велат дека поради технички причини нема да биде можно во наредните денови.

 

АКТУЕЛНО