Search
Search

Рај за љубителите на добрата фотографија: Најфотогеничните дестинации во Европа

Од појавата на социјалните мрежи, љубителите на добрата фотографија се во постојана потрага по дестинации кои се совршени за фотографирање и кои одлично ќе се вклопат како објави на нивните инстаграм-профили, пишува „Б92“.

Европа, со своите разновидни пејзажи, архитектонски чуда и природна убавина, дава одлични можности за овие креативци.

Овие четири европски дестинации не се толку попопуларни меѓу туристите, но се исклучително фотогенични. Па, би било супер ако ги земете предвид како идеи за вашето следно патување.

Бурано, Италија

Остров кој се наоѓа на 40 минути со брод од Венеција, Бурано има само 4.000 жители. Познат по шарените куќи што се рефлектираат во водата на каналот, островот е идеален за фотографирање. Покрај рачно изработената тантела, која некогаш ги красела дамите од европската аристократија, Бурано ги маѓепсува посетителите со својата боја и шарм.

Фото: Fraser Hall / robertharding / Profimedia

Авеиро, Португалија

Авеиро, град на брегот на Атлантикот, стана популарен по каналите, шарените чамци и бајковитите куќи. Тој се ноаѓа помеѓу познатите градови Лисабон и Порто. Прекрасните плажи во околината придонесуваат за фотогеничната природа на градот, додека се издвојуваат стилот на „арт нуво“, рибниот пазар и опуштената атмосфера.

Фото: G&M Therin-Weise / robertharding / Profimedia

Колмар, Франција

Овој град во Алзас, блиску до границите со Германија и Швајцарија, на фотографиите изгледа неверојатно убаво, а на лице место е уште повпечатлив. Колмар ќе ве врати во средновековниот период со калдрманите улици, шарените куќи и каналите поврзани со мостови од бајките. Туристите уживаат во шармот на градот и вкусното локално вино.

Фото: Boris Stroujko / Alamy / Alamy / Profimedia

Валдемоса, Шпанија

Шармантното село Валдемоса, кое се наоѓа на околу 20 километри од Палма де Мајорка, ги воодушевува посетителите со медитеранската атмосфера. Окер боја, калдрмани улици и камени куќи украсени со свежи растенија ја прават Валдемоса рај за фотографите.

АКТУЕЛНО