Билал Касами е градоначалник на Тетово и е добар дечко, ама не сум барал да се видам со него, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
– Како одбил Касами да се сретнеме кога не сум побарал состанок со него. Или можеби претходно кажал – рече Рама, одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу одбивање на Касами за средба исто како и на косовскиот премиер Албин Курти.
Претходно информативната агенција на албански јазик ИНА објави дека претседателот на опозициската партија Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами нема да оди на средба со Рама и ја одбил поканата да се сретне со него.
Во врска со прашањето дали тоа значи уривање на позитивниот имиџ на Албанците во регионот, Рама упати порака.
– Оставете ни го нам албанскиот имиџ да го третираме како прашање – изјави тој.
Коментирајќи го одбивањето на Курти за средба во Приштина, пак, Рама имаше друг одговор.
– Се надевам дека Албин не го заборавил „канонот“ дека кога некој ќе ти дојде дома, треба да го примиш – порача албанскиот премиер.