Search
Search

Речиси 18 милијарди евра приходите на Грција од туризмот

Во првите девет месеци од годинава, односно во периодот од јануари до септември приходите на Грција од туризмот се зголемиле за 15,2 отсто во споредба со лани и достигнуваат речиси 18 милијарди евра, според податоците од Банката на Грција,

Паралелно, во истиот период, за 17,3 проценти се зголемил и бројот на туристи кои ја посетиле Грција, односно регистрирани биле 27,79 милиони патници, наспроти 23,68 милиони лани.

Поконкретно, преку аеродромите пристигнале за 11,7 отсто повеќе туристи, а преку копнените гранични премини имало за 36,7 проценти повеќе патници.

Од Банката на Грција посочуваат дека зголемувањето на приходите од туризмот се должи на зголемувањето на бројот на туристи, бидејќи просечната потрошувачка по патување е намалена за 2,5 отсто.

АКТУЕЛНО