Search
Search

Салата „Расадник“ повторно се враќа во надлежност на Општина Кисела Вода, „Империал Данела“ недостапна за властите

Спортската сала „Расадник“ повторно се враќа во надлежност на Општина Кисела Вода, со што, како што беше неодамна најавено, конечно може да започне процесот за нејзина реконструкција.

 Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт кое ја издаде под закуп во 2002, по судски пат ќе бара да се подмири долгот со оглед на тоа дека од фирмата никој не се јавува на нивните повици.

Конечно правно ја вративме салата Расадник. Ја презедовме без долговите кои ги имаше и започнуваме процес за нејзина темелна реконструкција. Со овој чин, ставаме крај на 30-годишната негрижа која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор кој од најголема гордост, стана најголем срам, не само за Кисела Вода, туку и за цела Македонија – информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Градоначалникот ветува дека ќе се врати сјајот на овој спортски објект и „Расадник“ повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања.

Општина Кисела Вода издвои средства од својот Буџет заради отпочнување на процес за темелна реконструкција на салата „Расадник”, на Седница на Советот на Општина Кисела Вода во април.

Тогаш салата „Расадник” се’ уште беше во надлежност на Јавното Претпијатие за стопанисување со спортски објекти и дека истото е под директни ингеренции на Владата, но сепак не можеше да се изврши примопредавање на салата „Расадник“ во скопска Кисела Вода помеѓу концесионерот „Империал Данела“ и државата, бидејќи никој од фимата која стопанисува со објектот не се појавува на закажаниот термин.

За 13 март годинава во 12 часот било закажано примопредавање на објектот, кое требало да се изврши во самата сала. На закажаниот термин дошле претставници на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт на државата и на Општина Кисела Вода. Претставник од „Империал Данела“ не се појавил, иако поканата била уредно примена.

На лице место било констатирано и направен бил записник дека салата е целосно уништена, демолирана и не е безбедна поради несовесното и недомаќинско користење и одржување од закупецот „Империал Данела“. Не било извршено примопредавање на објектот.

СДСМ во изборната кампања за градоначалник на Скопје во 2021 година објави документи дека фирмата „Империал Данела“ е на градоначалничката Данела Арсовска. Тогаш од партијата кажаа дека Арсовска имала долгови за кирија кон државата од околу 130.000 евра, и за струја од над 50.000 евра. Арсовска беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и стана градоначалничка, но приказната за салата „Расадник“ остана неоткриена. Таа тогаш се закануваше дека ќе тужи, но досега нема никаков одговор.

 

АКТУЕЛНО