Возачот на линијата со број „5“ која тргнува од Ново Лисиче околку 18 часот, речиси пред крајот на дестинацијата во Ѓорче Петров синоќа свртел после Тинексот во населбата и се упатил кон гаражата да наточи гориво.
На реакцијата на патничката зошто сега баш полни гориво и се исклучува од сообраќај, додека во автобусот има патници, тој вели дека добил таква наредба и ништо страшно не било ако патниците задоцнат дома 10 минути.
-На овој начин отскокнувате од рутата и доцните додека ве чекаат и други патници, по кој протокол е ова и зошто сме должи нда доцниме додека вие полните гориво, вели нервозно патничката од видеото.
На ова возачот и возвраќа дека ако таа има проблеми дома не е негово да ги решава.
Сепак според патничката овој процес траел речиси 20 минути, а откако наточил гориво возачот се вратил на трасата до крајната дестинација.
За потсетување, во понеделникот автобусите се исклучија од сообраќај поради неисплатена декемвриска плата и по силен притисок до Советот на Град Скопје Јавното претпријатие за сообраќај доби субвенции.
Но дали се смени однесувањето на возачите?