Search
Search

„Самсунг“ ја забрани употребата на ChatGPT и други алатки за вештачка интелигенција

Заедно со „Самсунг“, некои банки од Вол Стрит ја забранија или ограничија употребата на алатки за вештачка интелигенција во деловните процеси.

Самсунг неодамна имаше проблеми со протекување на сопствените доверливи деловни податоци, така што е воведено ново правило – да не се користат популарните алатки за вештачка интелигенција како ChatGPT, Google Bard и Bing од безбедносни причини.

Инженерите на „Самсунг“ користеа ChatGPT додека извршуваа одредени задачи и решаваа проблеми во секторот за развој на полупроводници.

И додека вработените задоволни ја прифатија идејата со вештачка интелигенција да ги решава проблемите за нив, тие исто така направија голема грешка.

Трговските тајни повеќе не се тајни

Имено, тие внесувале многу доверливи податоци во ChatGPT и со тоа всушност ги прекршиле одредбите за доверливост. Тие го внесоа изворниот код за новата програма и белешките од внатрешните состаноци во алатката. Проблемот не е само во тоа што овие податоци ја напуштија компанијата, туку што беа внесени во алатка која ги користи сите внесени податоци за обука на вештачката интелигенција. Во пракса, тоа значи дека сите трговски тајни што инженерите на „Самсунг“ ги ставаат во ChatGPT се во рацете на сопственикот на алатката, OpenAI.

И другите големи компании се загрижени

„Самсунг“ не е единствената голема компанија која изразува загриженост за оваа технологија. Во февруари, само неколку месеци откако услугата за разговор OpenAI предизвика голем интерес, некои банки на Вол Стрит, вклучително и JPMorgan Chase & Co., Bank of America Corp. и Citigroup Inc., ја забранија или ограничија употребата на оваа технологија.

Новите правила на „Самсунг“ забрануваат употреба на генеративни системи за вештачка интелигенција на компјутерите, таблетите и телефоните на вработените, како и на внатрешните мрежи.

„Самсунг“ ги замоли вработените кои користат ChatGPT и други алатки на лични уреди да не испраќаат никакви информации поврзани со компанијата или лични информации што би можеле да ја откријат неговата интелектуална сопственост. Се предупредува дека кршењето на новите правила може да резултира со отказ.

АКТУЕЛНО