Search
Search

Санкционирани 253 возачи во Скопје

На територија на Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 253 мерки за прекршоци во сообраќајот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 13 санкции, а  за возење без возачка дозвола 12 мерки. За користење мобилен телефон изречени се 11 санкции, а за минување на црвено светло пет санкции. Дваесет и девет мерки се изречени за некористење сигурносен појас.

АКТУЕЛНО