Search
Search
Фото: Полицаец од ФБ страницата на МВР

Санкционирани 82 возачи во Скопје, 44 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на градот изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, шест мерки за управување возило под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола.

Фото: Полицаец од ФБ страницата на МВР

Изречени се и шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за вградени неатестирани – затемнети стакла, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила….

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

АКТУЕЛНО