Search
Search

Се гледа ли Арсовска како иден претседател на Македонија?

Новата претседателка на Нова Иницијатива, Данела Арсовска синоќа беше прашана за тоа дали се гледа како иден претседател на државата. Таа одговори дека за тоа одлучувале граѓаните.

-Не можете вие да се гледате како било што. Сите работи кои следуваат е нешто за коишто граѓаните одлучуваат дали ќе ви ја дадат својата доверба, дали ви веруваат во она коешто го говорите и дали истото ќе го спроведете во пракса. Јас сметам дека ние направивме многу. Вие сте сведоци дека во две години сме ние како институција Град Скопје, туку како личност можеби најнапаѓаната личност во изминатите децении во Македонија, како човек, како жена која успеала и која не се плашела пред никого, рече Арсовска.

Конвенцијата во хотелот “Континентал“ во Скопје на која беше официјално претставена Арсовска доби слабо внимание од јавноста каде ја следеа едвај стотина лица. 

Во своето излагање Арсовска даде многу ветувања а ги спомна Преспанскиот договор, договорот со Бугарија и правосудството и корупцијата во Македонија. Рече дека моментално е најнапаѓана личност во Македонија и сите напади врз неа и нејзините соработници се инспирирани од многу страв.

– „Ние имаме луѓе на кои што граѓаните можат да им веруваат. Како нова сила имаме моќ за да влијаеме и да го исполниме тоа што го ветуваме. Затоа ги повикувам сите граѓани да се приклучат. Со непосредни избори во судството, граѓаните ќе може непосредно да го ценат нивниот интегритет и кредибилитет. На овој начин ќе имаме целосна независност. Да имаме луѓе кои ќе одлучуваат без притисоци“, изјави Арсовска.

Таа дополни тека партијата не е веќе во коалиција со СДСМ и дека партиските органи одлучиле да излезат од таа коалиција но и дека ако некој сака да коалицира со нејзината партија има постулати кои треба да се прифатат.

 

 

АКТУЕЛНО