Search
Search

Се гради импровизирана улица помеѓу Филхармонија и музичкото училиште, професорката Џепароска алармира дека се уништува просторот

 

Професорката на факултетот за музичка уметност Соња Здравкова Џепароска вчера на социјалните мрежи објави дека се уништува просторот помеѓу Филхармонија и зградата на ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” и Факултет за музичка уметност – Скопје.

Имено на тој мал и тесен простор според неа започнато е со изградба на импровизирана улица која има за цел да се исфрли отпадот од пожарот што се случи во зградата на Комерцијална банка од пред неколку месеци. Предвидено е по таа импровизирана улица да се движи тешка механизација.

 

Според професорката Џепароска се планира да исечат сите дрвца на тој простор, а од поминувањето на камионите многу веројатно е да се оштети и подземната инсталација. Таа се сомнева дека ова намерно се прави за време на празниците се со цел да се заврши работата побрзо.

 

 
 
 
 
 

АКТУЕЛНО