Search
Search

Се „одмрзнуваат“ маржите на производите: Ќе поскапи ли храната?

Денеска завршува мерката за ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи, а граѓаните се во страв дека тоа ќе предизвика зголемување на цените.

Од организацијата на потрошувачи велат дека Владата мора од 1 јули да внимава затоа што трговците ќе имаат „одврзани раце“ и ќе можат да ја зголемат цената на лебот, шеќерот, млекото, јајцата и другите производи.

Од Министерството велат дека се следи состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи, но и нагласуваат дека долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста.

– Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, наведуваат за МИА од Министерството за економија. 

АКТУЕЛНО