Search
Search

Се одржа Ромскиот бал во Скопје: Гламурозни тоалети, балкански фолк ѕвезди и политичари го одбележаа настанот

Вчеравечер по 44 пат во Скопје се одржа традиционалниот Ромски бал, на кој присуствуваа наши познати естрадни ѕвезди, луѓе од јавниот живот и гости од регионот и странство.

Главни музички ѕвезди беа српските пејачки Светлана Цеца Ражнатовиќ и Теа Таировиќ, а настанот почна со традиционална ромска музика и настап на легендарниот пејач Мухарем Сербезовски.

 

Оваа година водителка на Светскиот ромски бал беше Лила Филиповска, која за оваа прилика носеше гламурозен црн фустан со голем шлиц, деколте и долг плашт.

 

 

Меѓу присутните над 600 гости беше и премиерот Димитар Ковачевски кој на балот дојде во придружба на неговата ќерка.

Покрај Ковачевски пристуни беа и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски.

Балот го отвори познатиот пејач Мухарем Сербезовски кој заедно со неколку млади музички таленти ја отпеа позната „Џелем Џелем“ по што беше изведена магионичарска точка со гулабот на мирот.

 

 

 

АКТУЕЛНО