Search
Search

Се враќа борбата за пониска цена помеѓу маркетите со последната владина одлука

Гарантираната цена мора да остане. Производите може да се продаваат под таа цена. Маркетите можат да прават акции и да внесуваат артикли со намалени цени. Вака со три збора може да се опише последната одлука на Министерот за економија Крешник Бектеши.

Според економистите, оваа мерка полека ја враќа насоката кон пазарната економија и тие ја оправдуваат многу повеќе отколку претходната со т.н. порамнување.

Според нив се покажа дека тоа порамнување на беше фер, бидејќи референтниот датум беше неприлагоден како што треба, па ист производ се продаваше по различна цена во повеќе маркети.

Причината беше тоа што на 1 август ист производ имал различна цена во различни маркети и за 10% се намали таа цена. На пример кисело млеко од ист производител во еден од поскапите маркети беше поевтино споредено со еден од маркетите со пониски цени, вели економистот со кој разговаравме.

Според него ова беше проблем, бидејќи некој „ќарил“ повеќе бидејќи на 01.08. набавил по пониска цена, а сега го продава со реално поголема маржа.

Новата мерка според нив, ќе даде шанса повторно маркетите да се борат меѓу себе за да издејствуваат пониска цена за одреден производ од увозникот или производителот.

Воедно, намалувањето на инфлацијата, стабилизирањето на цените на светските пазари придонесоа и денес дел од производите да бидат со пониска влезна цена, отколку на пример во месец јули и на почетокот од август. Таков пример е пченицата, брашното, сончогледовото масло и други производи.

Добра вест е и што гарантираната цена останува до нова година, велат тие.

Игор Мицкоски

АКТУЕЛНО