Search
Search

Се закочи воланот, тврди возачот на автобусот што се качи вчера на жардинера, за ЈСП ова е шпекулација

Раководството на ЈСП е виновно за инцидентот на автобусот кај „Мавровка“ бидејќи не ги сервисира автобусите и на тој начин ги доведува во опасност вработените вели Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) Марјан Ристески.

-Инцидентот вчера се се случи бидејќи не бил исправен воланот, се закочил и благодарение на присебноста и искуството на возачот не дојде до поголема несреќа. За овој автобус како и за други се пријавувало дека се неисправни, но не се сервисираат. Замислете, овој автобус пред неколку дена возел до Водно“, рече Ристески.

Возачот Ферзи Арифи кој беше повреден откако вчера автобус на линијата „2“ се качи кај жардинерите близу трговскиот центар „Мавровка“ вели дека постојано возат неисправни автобуси.

-Ни даваат да возиме неисправни автобуси, се закочи воланот, тврди Арифи.

Новиот директор на ЈСП Драги Кушовски, ги обвини за ширење шпекулации, ги демантира овие тврдења и  потоа побара да приложат извештај во кој пишува дека автобусот е неисправен.


Автобус на ЈСП се качи на жарденерите кај Мавровка

 

АКТУЕЛНО