Search
Search
фото/фејсбук: Град Скопје

Секој миг може да падне -Универзална сала во милост и немилост на Арсовска

Министерството за култура нема надлежност да ја превземе реконструкцијата на Универзална сала и по две гласања од советниците на Град Скопје затоа градоначалничката Данела Арсовска треба да го потпише договорот за примопредавање.

Министерката за култура Бисера Стојчевска-Костадиновска на денешниот брифинг со новинарите посочи дека министерството е подготвено да ја преземе надлежноста за реконструкција меѓутоа од страна на Град Скопје нема повратен одговор.

Како што појаснува Костадиновсла-Стојчевска, се е пробано но ништо не може да се направи затоа што Универзална сала спаѓа под Град Скопје, но добра вест е дека утре ќе има состанк меѓу службите на Министерсвото за култура и од Градот за да може да се реши ова прашање.

„Денеска сабајле се јавија дека утре на некое техничко ниво има состанок во Град Скопје од Министерство за култура и некој од кај нив од Сектор за урбанизам и се надевам дека ќе има некое поместување затоа што Универзална сала сеуште е под Град Скопје затоа што сеуште немаме потпишано договор за примопредавање, ниту на ингеренциите за реконструкција ниту на документација“, рече министерката Бисера Костадиновска Стојчевска на брифинг со новинари

На прашање дали имат поднесено акциски план како ќе работат понатаму, таа рече дека уште ноември месец до Владата имаат поднесено информација за Универзална сала кога почнаа да преговараат со градоначалничката, каде што Владата ги задолжи да направат акциски план меѓутоа по добивањето на документацијата „затоа што јас дур не го имам вистинскиот увид не можам да направам никаков акциски план, ниту знам што ќе ми предава“, кажа министерката

„Јас добив во месец јуни две известувања од ИЗИС дека Универзална сала веќе е во опасност да падне, многу долго е отворена, многу долго е со скелиња ни следи време на зима дождови, снегови и викаат дека мора да се затвори, затоа јас неколку наврати се јавив и апелирав. И на последниот прес кога бевме со градоначалничката кога ја прашаа неа таа рече дека службите се подготвуваат“

На прашање каде е пречката министерката кажа дека не знае, и не може да предвиди кога би можело ова прашање да се реши.

За Европската претстолнина на културата министерката рече дека од Град Скопје ги замолија да не одговараме на прашања што се поврзуваат по овој настан, туку за ова да се побара кординаторката, односно нивните служби.

„Од кога ја добивме титулата 6 месеци најкасно во март треба да дојдат од Европска комисија експерти кој што ќе видат до кај сме, Јас чуствувам дека пак ќе биде тоа 5 до 12„ вели министерката.

Цели осум години Универзалната сала, еден од симболите на Скопје, е затворена за концерти, театарски претстави и други случувања од областа на културата, откако почнаа да паѓаат делови од таванот и се увиде дека ѝ е неопходна целосна реконструкција. Обновата започна на крајот од мандатот на градоначалникот Петре Шилегов, а запре кога раководството со градската администрација го презема Данела Арсовска, поради, како што рече градоначалничката, грешки во проектот, чија реализација не би гарантирала безбедност на салата во иднина.

Назми Абдурахмани

АКТУЕЛНО