Search
Search

Селото Бродец може да биде вистинска атракција на Скопјани и во лето и во зима

Скопјани на секаков начин се снаоѓат како да ги поминaт викендите особено во зима кога во градот нема снег. Атракција последните години наоѓаат во планините и селата во Скопска Црна Гора. Една од нив е Селото Бродец која се наоѓа околу 15 километри од центарот на Скопје а нуди убава зимска рекреација, прошетка и снег кои децата на градските подрачја го очекуваат . Проблематично сепак и на кое треба да се внимава е да патот кога врнежите од снег се пообилни, пример за овој викенд многуте посетители возила ги оставиле во селото па другиот дел од патот го поминале пешки.

Бродец е село во Општина Чучер-Сандево, кое го опфаќа северните предградија на градот Скопје. Селото се наоѓа на 900 метри надморска висина. Од селото се простира многу убав поглед кон Скопје и Скопското поле. Според пописот од 2002 година, во селото имало 3 жители, .додека според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители,.Според пописот од 1981 година, во селото имало вкупно 70 жители.

 

Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција

Во неформален разговор со некои од жителите кои во селото престојуваат повремено во нивните викендички или куќи велат дека веќе никој не живее таму, единствено има  луѓе за време на викендот и во лето и во зима. Според нив во ова место и летото и зимата се убави. 

Фото/Градска редакција

Скопска Црна Гора е релативно лесна дестинација за планинарите, па низ неа можат да минуваат и почетници во овој спорт. Низ планината има 15-тина добро обележани планинарски патеки, а дел од нив минуваат над селото Бродец. Ова село е речиси напуштено. Скриено длабоко зад другите села што се поврзани на главниот пат, до Бродец се стигнува низ патот што води од с. Побожје кон селата Брест и Танушевци.

Водопадите на Тршченскиот Поток, на околу 500 m источно од Бродец, на 950-1.100 метри надморска височина. Се работи за десетина водопади со височина од два и пол до пет метри, наредени скалесто еден под друг, така што целата појава претставува слап. Најпристапни и највпечатливи се шесте водопади што локалното население ги нарекува Бучало. Истите се лесно пристапни и до нив води патека што започнува на самиот излез од викенд-населбата Бродец. До двата горни водопади се стигнува за само 5 минути лесно пешачење. На 150 метри оддалеченост има уште 4 водопади. Најгорниот водопад е и најголем во целата област, со височина од 5 метри.

Треба да имате предвид дека водопадите се најубави во месеците март и април, кога се топат снеговите и кога расцутува природата. Ако отидете во екстремна суша, во текот на најжешките летни месеци (на пример, во август) тие можат да бидат целосно или делумно пресушени.

Интересно за посетување е Црквата „Света Богородица„ која се наоѓа веднаш на влезот на селото, моментално покриена со снег а е изградена во 1971 во чест на загинатите борци на НОБ и револуцијата на жртвите на фашистичкиот терор што ги даде селото Бродец, 1941 – 1945 година.

Фото/Градска редакција

 

Н.Ш

АКТУЕЛНО