Search
Search

Шилегов: Каде е бесплатниот јавен превоз, што е со градските превозници кои излегоа на штрајк?

„Aко се одлучите да се занимавате со политика, треба да знаете дека граѓаните еднаш ви ја даваат а еднаш и ви ја одземаат довербата. Mислам дека граѓаните веќе по две години ја видоа разликата од тогашната и сегашната администрација што го води градот. Каде е бесплатниот јавен превоз и што е со градските превозници кои за прв пат во историјата излегоа на штрајк? Лесно е да ги давате ветувањата, за мене проблем е општо политиката кај нас, рече поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното гостување на „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

„За прв пат Град Скопје доби престижна награда за културата, и не поради проектот скопје-2014 туку поради посветеноста на стратешки добрите цели во минатото кога аплициравме за проектите во културата, повикот беше во време во време на Коце Трајановски, но аплициравме јас и мојата администрација.

АКТУЕЛНО