Search
Search

Шкриељ: Ги разбирам граѓаните кои емотивно бараат смртна казна, но да останеме во рамки на правниот систем

„Разбирлива е емотивната реакција на луѓето во вакви случаи, кога станува збор за деца. Природна и емотвна реакција е да бараме најстрога казна. Незамисливо е како некој може да помисли, а не пак да направи и убие дете. Тоа е емотивна реакција, но да остаеме во рамки на тоа што значи правен систем“ рече пратеничката од СДСМ, Санела Шкриељ запрашана за иницијативите на граѓаните за воведување на смртна казна во утринската програма на „Слободен печат“ во соработка со „Градска.мк“.

Таа додаде дека од првичното соопштение, казната затвор за делата за кои се теретат осомничените е до доживотен затвор. „Битно е во овие моменти да се обидеме да се држиме до она што значи цивилизиран правен поредок и да не предизвикуваме ширење на оската на насислтво. Во вакви ситуации лесно има поттикнување на насилство и тоа зборува за сериозни проблеми“ рече Шкриељ.

Пратеничката рече дека насилството е присутно во јавниот простор и говорот на омраза ги надмина сите граници во нашето општество и забележа дека се дава премногу медиумски простор на личности што поттикнуваат омраза.

„Целата нација и секој граѓнин е шокиран и потресен од она што го разбравме вчера, од еден прерано згаснат живот. Сите се надевавме дека потрагата ќе заврши со позитивни вести. Сочувство до семејството, соучениците и сите што ја сакаа Вања. Се надеваме дека сторителите ќе сносат казна каква што треба“ рече Шкриељ.

Пратеничката додаде дека треба да се свртиме кон едукација за меѓучовечки и ненасилни односи и дека тоа треба да започне уште од предучилишна возраст. „Потребно е да има казни за тие што ги прекршуваат делата, да имаме доследност. Да имаме постапки што не траат бесконечно долго, да имаме добра квалификација на делата од Јавното обвинителство и судски пресуди кои одговараат на делото што е извршено“ рече Шкриељ

АКТУЕЛНО