Search
Search

Шокантна изјава на таткото на Вања: Размислува за самоубиство по пресудата!?

Таткото на убиената Вања Ѓорчевска со шокантно сведоштво. Вели дека само сака да има конечно одлука, а отпосле ќе одлучел дали да остане на овој или да оди на, како што вели, „оној свет“.

Адвокатот Владимир Туфгџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања убеден е дека неговиот клиент уште од првиот ден нема никаква вина. 

„Воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам конечната одлука, само сакам разрешница“

Шокатната изјава на Ѓорчевски од судот е дека тој по одлуката ќе одлучи дали ќе остане на „овој свет“.

„Поделен сум на два света, едното дете ми го зедоа, другото ми е тука. Воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам конечната одлука, само сакам да има разрешница за да одлучам дали да останам на овој, или да одам на оној свет“, рече Ѓорчевски.

Обвинителството побара жалбата да се одбие како неоснована бидејќи постои основано сомнение дека Ѓорчевски го сторил кривичното дело грабнување, а со истрагата се доаѓа до нови докази.

„Во тек е вештачење на телефонските разговори од кои како докази се извлекува неспорно сомнение дека го сторил кривично дело. Се уште постои причина за притвор, бидејќи станува збор за тешко кривично дело од кое е произлезена тешка последица и одземен млад живот. Осомничениот може да се даде во бегство“, порача обвинителката Наталија Тасевска.

Таа додаде дека постои можност Ѓорчевски да влијае на сведоци и на другите инволвирани во случајот и повторно да стори кривично дело.

Во меѓувреме, се чека екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо, првосомничен за грабнувањето и двојното убиство на Вања и на велешанецот Панче Жежовски. Според исказите на останатите осомничени, Палевски им кажал дека информациите за тоа кога Вања ќе го напушти нејзиниот дом и дека ќе биде сама му ги дал Ѓорчевски.

Во судницата беа присутни и мајката, таткото и сестрата на Ѓорчевски. Апелациониот суд минатиот месец ја одби неговата жалба, а последна инстанца е Врховниот суд.

Инаку, Александар Ѓорчевски се поврзува со првоосомничениот во овој случај Љупчо Палевски – Палчо. Наводно тој му давал информации за движењето на неговата ќерка, а крајната цел била изнуда.

Во текот на вчерашниот ден беше донесена и првата осободителна пресуда односно укинат притвор.

Имено, возачот на Љупчо Палевски – Палчо, Стефан Димковски кој беше осомничен дека му помогнал да избега на првиот осомничен Палчо вчера му е укинат притвор.

Претходно, за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски се огласи и Вишата обвинителка Фатиме Фетаи. Според неа тој и натаму да остане во притвор, бидејќи степенот на сомневање во него е висок.

АКТУЕЛНО