Search
Search

Што се енергетски задруги, и како може да Ви заштедат пари?

 

Енергетските задруги во Европа и во светот придонесоа да се намали ценовниот шок, а на пример во некои австриски помали места и не знаат што е покачување на цената, а во Данска пак воопшто и да не почуствуваа некои посериозни потреси.

Таму, повеќе од две децении имаат енергетски задруги и се енергетски независни.

Во Македонија сè уште нема ниту една енергетска задруга. Концептот на здружување на граѓани или јавни институции од една локална заедница заради остварување на заедничка цел, во случајот производство на енергија од обновливи извори, во развиените западноеверопски земји одамна е реалност. Веќе неколку години енергетските задруги се практикуваат и во земјите од регионот, Хрватска, Србија и Грција и имаат многу позитивни резултати. Во Македонија, пак, иако е една од земјите со најголем број сончеви денови, енергетските задруги сè уште не се практика.

Што предвидува можноста? Лесно може да се случи во станбени комплекси кои имаат дуќани, станарите да се соберат и да направат производство до 6KW/H или пак до 40Kw/h, како правен субјект и струјата да ја продадат на дуќанот по повластена цена.Тука може и сопственикот на дуќанот, ако е поголем да се собере со станарите и да изградат ваков систем.

Со донесувањето на Стратегијата за енергетика, особено со целите на зеленото сценарио, докажа дека цели кон рационално и етичко искористување на ресурсите на планетата, особено на енергијата од сонцето и од ветерот, како примери кои имаат најмал импакт врз животната средина и кои најмалку допринесуваат за емисии на јаглероден диоксид и климатските промени. Во таа насока, воведувањето на задругите, сметаат експерти, е еден од најуспешните начини на децентрализација на енергетиката и големо олеснување за исполнување на целите од Стретегијата по затворањето на термоелектраните на јаглен ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Битола, до 2040 година околу 400 мегават часови енергија да се добие од обновливи извори, поточно од сонцето, преку системи поставени на крововите на индустриските, комерцијалните и станбените објекти.

Средствата кои би ги собрала задругата може да ги внесе во заедничкиот фонд и тие да бидат искористени за тековно одржување на заедничките простории.

Минатиот викенд се одржа работилница, а претходно неколку пати се споменува дека, воопшто задругарството е единствен излез од монополските стеги. Се очекува во скоро време да се изработат правилници, а во моментов „ИРЗ“ веќе има и распишано повик за основање на енергетски задруги кои делумно ќе бидат грантирани и од самата организација.

Енергетската задруга е во сопственост на локалната заедница, а се основа преку доброволно здружување на членови на таа заедница заради остварување на заеднички економски, еколошки и социјални цели. Тоа, во случајот се пониска или прифатлива цена на електричната или топлинската енергија, остварување на профит, заштита на животната средина и просперитет на заедницата од вршењето на дејноста производство на енергија. 

Игор Мицкоски

АКТУЕЛНО