Search
Search

Што треба да знаат македонските компании? Разлика помеѓу извештај за одржливост и ESG

Зелената агенда во Европската Унија, (ЕУ), како што пишав во еден претходен напис е на приоритетно ниво и така ќе остане во следните триесеттина годни, бидејќи тоа се политики и на ОН.
 
ЕУ од први јануари следната година воведува т.н. извештаи за одржливост, наменети за компаниите, кои не се непознати во светски рамки. Имено, уште пред 18 години, САД ги поставија темелите, а го следат и дел од земјите во Азија.
За подобро да се разбере, што подразбираат овие извештаи и зошто се важни, во првиот дел ќе пишувам за важноста на извештаите во американската економија.
 
Според податоците кои се јавно достапни, САД повеќе од десетина години имаат програма за пишување на извештаи кои тие ги нарекле ESG (Environment, social, governance) во превод рамка за животната средина, социјалата и управување се користи од страна на инвеститорите за да оценат перформанси на организацијата според одредени критериуми. 
 
Тие критериуми се користат за мерење на изложеноста на ризик на компанијата со цел да се подобрат инвестициските одлуки. 
ESG во САД го зазема високото место на рејтинг мерења, по објавувањето на извештајот во 2005 година. Тој гласеше: „кој се грижи тој и победува“. Овој извештај покажа дека инвестициите во ESG имаат добра деловна смисла. По објавувањето на овие извештаи, инвестициите во компаниите драстично пораснаа
Според проценките во САД, до 2025 година половина од инвестициите таму ќе се базираат на овие извештаи, смета Центарот за финансиски услуги Делоит. 
 
На истото мислење се и уште неколку еминентни финансиски институции, а веќе и „Мастеркард“ направи свој оддел кој ќе помага во изработка на вакви извештаи и нуди услуги за компании. Овде може да се најде што е она што го нуди најголемата корпорација за безготовинско плаќање. (https://www.mastercardservices.com/en/advisors/environmental-social-and-governance).
 
Според информациите од САД, известувањето за ESG има тесен фокус и им помага на претпријатијата да ги проценат перформансите и ризиците на компанијата. Известувањето за ESG се разгледува со одлуки за инвестиции за бизнисите.
 
Известувањето за ESG, исто така, користи некои од мерките за одржливост, но има посеопфатно вклучување со метрики поврзани со родовата еднаквост, придобивките на вработените, „зелените политики“, меѓу другото. Со оглед на неговата прецизност, повеќе бизниси го прифаќаат известувањето за ESG, а докажано е дека бизнисите со високи перформанси на ESG покажуваат помала изложеност на ризик и повисоки приноси од инвестицијата, заедно со зголемена еластичност и перформанси.
 
Од друга страна, американските компании прават и уште еден сегмент, а тоа се извештаи за одржливост (sustainability report). 
 
Според дефинициите дадени во САД, Одржливоста како концепт и известувањето има поширок фокус со инкорпорирање на научни инпути. Известувањето за одржливост се користи како алатка за комуникација од страна на претпријатијата. Известувањето за одржливост користи различни метрики како што се јаглеродниот отпечаток, потрошувачката на енергија и потрошувачката на вода. Известувањето за одржливост е нејасно што ги одвраќа бизнисите да го прифатат. Исто така, без јасно мерење за перформансите и известувањето, на бизнисите им е тешко да го квантифицираат резултатот.
 
Во продолжението од написот ќе се осврнеме на европските политики, односно обврската на европските компании за пишување вакви извештаи. 
 
Игор Мицкоски

АКТУЕЛНО