Search
Search

Симулациска вежба за земјотрес во среда во Градски парк

Републичкиот Црвен крст на 18 октомври, среда, во Градски парк ќе реализира симулациска вежба по прва помош во итна ситуација – земјотрес. Вежбата за управување со последици носи наслов „Хуманитарен одговор 2023” и се организира во рамките на одбележување на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, како и зачестените катастрофи во земјата и регионот.

Главната цел на вежбата е да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст во координираниот пристап за одговор при кризни состојби.

На вежбата се очекува учество на повеќе од 500 лица, 2 хеликоптери и 40 возила, од институциите вклучени во системот за управување со кризи, домашни и странски тимови од Црвениот крст.

Главните подготовки за вежбата ќе бидат на 15 октомври кога дел од улиците и паркингот пред хотелот „Сити Парк“ ќе бидат затворени или со намалена функција. Поради подготовките за вежбата од утре во 22 часот па до недела до 14 часот ќе биде комплетно затворен паркингот пред хотелот, а в недела, од 9 до 14 часот ќе биде затворен и булеварот Илинден.
Улиците на денот на вежбата , на 18 октомври, кон и во Градски парк ќе бидат затворени од 9.00 до 14.00 часот, како и паркингот пред хотелот „Сити Парк“

АКТУЕЛНО