Search
Search

Сите ја избегнуваат, но во оваа држава со 100 евра сте милионери

 
Ивана и Горан Бабиќ, патувачки блогери од Србија, на социјалните мрежи како „Dva ranca – beg iz kanca“, откриле која е најевтината дестинација што ја посетиле во 2023 година.
Станува збор за Узбекистан, држава во Централна Азија.

„Доколку сè уште не сте биле во Узбекистан, ставете го на вашата листа за оваа година бидејќи дефинитивно вреди“, напишале Ивана и Горан на „Инстаграм“ и објавиле видео на кое прикажани биле цените во таа земја.

„Валутата е узбекистански динар, а за едно евро во април 2023 година се добиени околу 12.000 динари, додека на почетокот на годината курсот е 13.400 – веќе сте милионер кога менувате евра“, забележуваат блогерите“, напомнале блогерите.

 

Најевтин им бил градскиот превоз – 0,12 евра. Ивана и Горан за оброк во ресторан плаќале околу 2 евра, кафе од 6 центи до 1,8 евра, а чајот 5 центи. Најскапата влезница за некоја атракција била помалку од 4 евра, а возот меѓу градовите за нив двајца чинел помалку од 10 евра.

„На улица ретко гледате ѓубре“

„Узбекистан е многу важна држава и ја посетуваат многу туристи од различни делови на светот. Оваа дестинација сè уште не е толку популарна кај нас. Она што нè изненади колку сè чисти градовите таму. Ниту една фасада не е исцртана со графити, има само мурали, а ретко каде на улица може да се види ѓубре. Можеби од некој невнимателен турист или ветер. Тоа дефинитивно не го очекувавме“, раскажале Ивана и Горан за „Nova.rs“.

 

„Исто така, бевме многу изненадени од цените, како и разните електрични автомобили што ги видовме таму за првпат. Можеме само да кажеме дека Узбекистан е прилично прифатлива дестинација. Храната, превозот и билетите за атракции се многу евтини, а може да се најде и сместување од 25-30 евра (ноќевање со вклучен појадок). Сè зависи од местото“, додале тие.

Ивана и Горан на „Инстаграм“ ги следат повеќе од 150.000 луѓе. На социјалната мрежа тие објавуваат фотографии и видеа од нивните патувања и разни препораки. Неодамна, следбениците ги советувале да ги посетат Португалија, Оман, Узбекистан, Јордан и Малага во 2024 година.

АКТУЕЛНО