Search
Search
Фото/Градска редакција

Скандал: Матичен лекар наплатил за преглед на новороденче

Нема капитација, нема бесплатна контрола на новороденчиња кај матичен лекар. Во поликлиниката Чаир матичен лекар им побарал  500 денари на родители кои после десет дена родено дете требале да го прегледа лекар. Револтиран родителот за Градска.мк вели дека лекарката преку медицинската сестра после прегледот на детето му побарала пари.

„Кај мене дома после десет дена од кога се роди бебето, не посети патронажна сестра, ни објасни се, па ни препорача бебето да го носиме кај матичен лекар за преглед бидејќи и се чинело дека не е поправена, односно не качила грамажа. Утредента ја носевме кај нашиот матичен лекар кај што ги прегледам и другите две деца, се беше добро и навистина детето не покачило во телесна тежина. На крај медицинската сестра ни побара 500 денари за прегледот, се збунив, и велев како пари? Нели прегледот кај матичен е бесплатен?! Ние сме осигурени. Таа ни вели дека прегледот се наплаќа приватно, се бунев, и се обратив на лекарката, дајте ми фискална сметка или потврда, ги крена рамениците и не зборуваше, почна бебето да плаче и се принудив да им ги дадам 500 денари и си заминав. Оваа не е нормално, секој гледа само да те краде„ вели за Градска редакција нервозниот родител.

Градска.мк се обрати да побараме мислење од Комисијата за правата на пациентите која е надлежна да ги брани правата на пациентите во границите на градот Скопје. Според  членот на ова комисија Весна Дамеска, правилникот што е за содржина и начин за остварување за правата за задолжително здравствено осигурување, во член 12 пишува дека: Децата до 2 месеци возраст, здравствена заштита може да користат врз основа на здравствена електронска картичка или со здравствена книшка на еден од родителите. Значи не е триесет туку шеесет дена, така што матичните лекари не смеат да им наплаќаат на родителите за преглед на новороденче.

„Требало да го прегледаат детето врз основа на здравствената легитимација на мајката. Доколку таткото или мајката имаат здравствено осигурување тогаш требало да го прегледаат бесплатно детето„ вели за Градска редакција Весна Дамеска член на Комисијата за заштита на правата на пациентите.

Таа објаснува дека лекарите не можат да ги пријават како пациенти новороденчињата во првиот месец додека не им се вадат личните документи, па затоа не можат да земат капитација, но според закон мора да се прегледаат во првите шеесет дена од раѓањето.

„ Не можат да им направат избор на матичен лекар на детето, па тука лекарите прават проблеми, бидејќи велат не можам да направам избор и не можам да добијат капитација за тоа дете, и зошто јас да го прегледам за без пари , меѓутоа врз основа на закон мора да го прегледаат„

Дамева која по професија е лекар, препорачува родителот да препише претставка до Фонд за здравство, каде што  мора да се наведе името на лекарот и името на тој што ја препишува претставката. Според неа да имаше некаква потврда или сметка за тоа што платиле, и лекарот ќе имаше некакви санкции.

Н.Ш

АКТУЕЛНО