Search
Search

Скандал по Евровизија: Освен за наместена победа, Лорин обвинета и за плагијат на хитот на Адел

По бројните теории на заговор за местење на нејзината победа, се појавија и различни обвинувања за плагирање на песната „Tattoo“ која на Шведска ѝ ја донесе седмата победа на Евровизија, а тврдат дека годинашната победничка Лорин копирала неколку песни.

Среде победата на Евровизија, Лорин е тема во европските медиуми, па покрај вестите за нејзиниот настап, социјалните мрежи беа преплавени и со разни теории на заговор дека нејзината победа е наместена.

 

 

 

По теориите дека сѐ е инсценирано за да може Шведска да биде домаќин на 50-годишнината од победата на АББА на Евровизија, сега во фокусот стасаа и тврдењата дека Лорин го плагирала хитот „Tattoo“ кој ѝ ја донесе победата.

Шпанскиот „Еј-би-си“ објави дека таа е обвинета за плагијат на хит песната од оваа земја – „Flying Free“ на авторите диџеј Скудер и Чави Метрала, која тие ја опишаа како химна на „затворениот ноќен клуб за електронска музика ‘Понт Аери’ во Каталонија“.

 

Наведеното обвинение за плагијат првично се појави по „Мелодифестивален“ (шведски натпревар за песна на Евровизија), бидејќи некои корисници на социјалните мрежи забележаа дека првите акорди на „Tatoo“ личат на „Flying Free“.

Лорин беше обвинета и дека користела делови од хитот на АББА „The Winner Takes It All“, а некои тврдеа дека „Tattoo“ ги потсетила на песната „Euphoria“ со која таа победи првиот пат.

На тврдењата дека направила плагијат на АББА, таа одговорила: „Го сфаќам тоа како комплимент“, а коментирајќи ги другите тврдења за плагијаторство, рекла дека не им дава премногу енергија и дека нема ниту време ниту простор во својата глава за тоа.

 

 

Некој ја видел сличноста помеѓу „Tattoo“ и уште неколку песни, а сега на социјалната мрежа Тик-ток кружи видео кое ја споредува нејзината песна со „Easy on me“ на Адел.

 

Извор: Слободен печат

АКТУЕЛНО