Search
Search
Фото/Градска редакција

Скандалозно: Вработените на комунална хигиена кантите од домаќинствата ги празнат рачно

Поради дефект, неколку недели работниците низ улици во општина Чаир го собираат ѓубрето од домаќинствата го собираат и товарат рачно во камионети кои немаат механизација за растоварање на канти на ѓубре. Дежурната екипа на која наиде Градска редакција раскажа дека ова едноставно е поигрување со нивното здравје.

 

Фото/Градска редакција

„Веќе три недели вака се мачиме ова не го заслужуваме, тешко е да се качат кантите за ѓубре во камионот, порано имавме камион со кој механички се растовараа кантите во камионот. На некои канти ѓубрето не го ставиле во пластични кесиња тоа ни го отежнува уште повеќе работата„ вели во неформален разговор вработен во коунална хигиена кој товареше ѓубре во кмионета.

Инаку низ улиците во Чаир каде нема пунктови со контејнери за фрлање на ѓубре, собирањето се врши два пати неделно со камионети, ваков начин на собирање се прави поради тесните улици у густо изградените објекти.

Н.Ш

 

 

АКТУЕЛНО