Кога гледаме дека граѓаните на социјалните мрежи споделуваат стари слики од плоштадот на главниот град, чуството на многумина е дека центарот на градот изгледало поубаво порано од ова што е сега!
Сега сме сведоци на деструкција и како да сме нападнати од вонземјани.
Почнувајќи од Старата скопска чаршија па се до центарот на градот сведоци сме на дупки на улиците, рушење, нечистотија.
Нечистите улици се резултат на недостаток на редовно и ефикасно чистење, што предизвикува негодувања кај граѓаните и негативно влијание на општата атмосфера во градот. Туристите, кои треба да бидат посебно важен дел, често го искусуваат овој проблем, што може да влијае на нивното впечатување за Скопје како туристичка дестинација.
Дел од објектите што се изградени во проектот Скопје 2014 се распаѓаат, друг дел не се доизградени, а пак фасадите во Центарот на градот се само шминка. Од едната страна се премачкани со боја, додека пак од позади граѓаните треба да внимаваат да не случајно им падне некој дел иако во 2012 година беа потрошени вкупно 55 илјади евра за реконструкцијата на фасадите, на првите пет објекти во центарот на градот. Фасадите се реконструираа во согласност со избраните идејни решенија во склоп на проектот Скопје 2014, а се на архитектите Звонко Ставревски и Жарко Чаушевски, кои на јавноста и се познати по други градби од овој проект.
Инаку повеќе од половина милион евра од градската каса се потрошија за реконструкциите на фасадите на објектот „Пелистер“ и на објектот над кафулето „Тренд“, на плоштадот Македонија, На објектот „Пелистер“, реконструирана е вкупна површина од околу 1.200 квадратни метри. Завршницата на фасадата е од дробен травертински камен, а на места од бакар и од ковано железо. На објектот на над кафулето „Тренд“, се реконструираше челниот дел на објектот кој гледа кон градскиот плоштад. Се обнови површина од 210 квадратни метри, со природен материјал, стакло и со изолација. Реконструкцијата на оваа фасада чини близу 60 илјади евра, а градежните работи, како и за Пелистер , ги изведе фирмата „Бауер БГ“.
Во прилог неколку фотографии од Градска.мк