Специјализираната интернет страница Ајкјуер пред малку ја објави новата листа на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот.
На неа се гледа дека според загаденоста на воздухот Скопје се наоѓа на шесто место во светот малку по 13 часот денеска. За разлика од вчера вечерта кога Скопје постојано беше меѓу првите десет градови во друштво исклучиво на големи индустриски центри од Азија, сега на таа листа се искачија два полски индустриски центри, Краков и Вроцлав.