Search
Search

Скопје се подготвува за Светскиот шампионат во хип хоп, еве како беше вчера на Плоштад Македонија

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во организација на танцовото студио „Брејк А лег“, кое години наназад го одбележува овој ден на спектакуларен начин. Вчерашниот Флеш моб настан предизвика позитивни реакции кај случајните минувачи, благодарение на неверојатната енергија што им ја пренесоа танчерите со настапот на песната „Can’t Touch This“ од MC Hammer. Плоштадот беше разигран во ритамот на повеќе од 500 млади танчери, кои заедно го креираа импресивниот Флеш моб во срцето на градот.

На Флеш мобот учествуваа танцовите клубови „Аква“, „Ит Да Бит“ и „Брејк А Лег“.Исто така, вчера присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која низ насмевка изјави дека е неизмерно среќна и горда на сите 500 млади деца, кои вчера го разиграа центарот на градот и направија одлична, позитивна атмосфера. Исто така, Арсовска сподели дека и е чест и задоволство што го Град Скопје е поддршка за Светскиот шампионат во хип хоп 2024 година и дека се радува што токму Скопје, ќе биде домаќин.

Градот Скопје се подготвува да заземе централно место како горд домаќин на претстојниот Светски шампионат во хип хоп 2024. Овој настан се очекува со нетрпение и ветува дека ќе биде ексклузивна прослава на хип хоп танцот, културата и меѓународното другарство, ставајќи го Скопје во центарот на вниманието на глобално ниво.

 

 

 

АКТУЕЛНО