Search
Search

„Скопје бар шоу“: Теодора Николиќ е победничка на Државното првенство на бармени

Скопјанката Теодора Николиќ (24) е победничка на 15. Државното првенство на бармени во Македонија и ќе ја претставува нашата држава на Светското првенство на бармени во прекрасната Мадеира, Португалија.

Натпреварот се одржа во рамки на првото издание на „Скопје бар шоу“, каде беа претставени најновите трендови во барската и коктел индустријата. Со ова, организаторите имаа цел да го унапредат ХоРеКа сегментот во туристичко-угостителскиот сектор во земјава.

Никола Анастасијески го освои второто, а Мартин Митревски третото место на годинашното Државно првенство на бармени. Николиќ, Анастасијески и Митревски ги претставија своите коктели пред стручната комисија, а присутните ги поздравија со силни аплаузи.

Настанот се одржа на 12 март во „Лабораториум“, во организација на Здружението на бармени на Македонија (ЗБМ).

АКТУЕЛНО