Search
Search

Скопје утринава втор најзагаден град во Европа, 5-ти во светот

 

Скопје утринава се најде на второто место на најзагадени градови во Европа според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време.

Со индекс на квалитетот на воздух од 154, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето, а полош воздух од македонскиот главен град во Европа е регистриран само во Краков, Полска.

 

Од Европа меѓу најзагадените градови се и Приштина, Вроцлав и Сараево.

Во светски рамки, Скопје во моментов е 5-ти најзагаден град во светот. На прво место е Делхи во Индија.

АКТУЕЛНО