Search
Search

Скопската зоолошка остана без членство во Европската асоцијација на зоолошки градини

Скопската Зоолошка градина повеќе не е кандидат за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Пред две недели,  градината го изгуби кандидатскиот статус поради неисполнување на обврските зададени од ЕАЗА изминативе две години.

В. д. директрот Зоран Попов за потврди дека Зоолошката не е повеќе кандидат, но не сакаше да разговара за причините кои довеле до тоа и што ќе значи тоа за институцијата која изминатите години стана најпосетувана во земјава.

Како што дознава од неофицијални но добро информирани извори, кон почетокот на месецот од ЕАЗА до Зоолошка стигнала официјална е-пошта во која се информира раководството дека Скопје Зоо не е веќе кандидат за членка. Причините се прекин на комуникацијата со ЕАЗА во изминатиот период, 2-годишна стагнација на Зоолошката, неизградениот аквариум и честото менување директори.

Нашите извори коментираат дека во наредните 8 години Зоолошката нема право да аплицира за биде кандидат за членка. Тоа значи дека во тој период не може да соработува со ниедна европска зоолошка, ниту пак со кандидати за членови на ЕАЗА. Нема да може да добива животни како што тоа беше случај во изминативе години, кога членови на скопската Зоолошка станаа голем број животни како слониците Дуња и Даела, фламингата, пингвините, лавицата Акети.

Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми (ЕАЗА) е еден вид Европска унија за зоолошките градини. Скопската градина беше кандидат за член на ЕАЗА од 2007 година односно за нејзиното членство работеа градоначалниците Трифун Костовски, Коце Трајановски и Петре Шилегов.

Во мандатот на Арсовска за година и половина се сменети тројца директори. Откако во декември 2021 година оставка си даде Ѓорѓи Галетановски кој беше поставен од ексградоначалникот Петре Шилегов, Арсовска за директор го назначи Кристијан Стаменов, син на поранешната директорка Тања Стаменов. Тој за неколку месеци беше сменет бидејќи дозволи колеж на 10 коњи во градината. Потоа, лани во август на негово место беше назначен Драган Илиевски. Во јануари годинава  градоначалничката реши Илиевски да го стави за прв човек на ЈП „Водовод и канализација“, па Зоолошката доби трет директор, Зоран Попов. Тој дојде во градината како дел од тимот на Илиевски.

Извор: СДК

АКТУЕЛНО