Search
Search

Скопје петти најзагаден град во светот

Со индекс 165, Скопје утрово е на петото место на ранг-листата за загаденост на воздухот во светот, а прв во Европа според податоците на страницата која го објавува нивото на загаденост на воздухот во светските метрополи, „Iqair.com“.

Пред Скопје се само Акра, Мумбаи, Делхи и Лахор.Единствен европски главен град кој може да „парира“ на Скопје е Сараево кој е на осмото место со индекс од 162.

Според податоците на страницата „Waqi“, најзагаден воздух во Скопје се дише во Гази Баба, Лисиче и Ѓорче Петров.

АКТУЕЛНО