Search
Search

Скопје се сеќава – графити за 60-та годишнина од катастрофалниот земјотрес

Графитите претставуваат уметнички изрази и креации на различни површини, како ѕидови и јавни простори. Овие улични артисти го користат графитот како начин да ги изразат своите идеи, мислења и емотивни состојби.

Тие имаат моќ да комуницираат со граѓаните, да го одбележат културното и историско наследство, да изразат политички и социјални ставови, како и да украсат и оживат јавните простори.

По овој повод графичкиот уметник Драган Драш Китановски инспириран од 60-та годишнина од земјотресот во Скопје го прикажа својата креативност со супер шарени и модерни графити на Културниот Центар „Јадро“ и ООУ „Димитар Миладинов“.

На социјалните мрежи овие графити ги сподели и градоначалникот на Општина Центар, Горан  Герасимовски, со хаштаг „Центар се сеќава“.

АКТУЕЛНО