Search
Search

Следната недела топол пролетен бран од Африка – Температурите ќе надминат 20 степени!

Метео прогнозерот Славчо Поповски најавува, следната недела вистински пролетни температури, невообичаени за овој период од годината.

Овој топол пролетен бран во зима ќе го достигне својот максимум следната седмица, па така во Македонија, односно во југоисточните предели температурите локално ќе се искачат и до 20 степени, во регионот, односно во делови од Босна и Србија температурата ќе надмине дури и 20 степени, а такво нешто не се исклучува можноста да се случи и кај нас! Оваа карта ги прикажува очекуваните температури преку ден во вторник на 6 февруари!

Според моменталните анализи со кој располагаме, ова невообичаено топло време за овој период од годината ќе се задржи најмалку до 10 февруари.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

 

АКТУЕЛНО