Search
Search

Со хуманитарен базар, изложба и работилници се одбележува неделата за грижа за старите лица

Црвениот крст на град Скопје од денеска до 26 ноември ја одбележува неделата на грижа на старите лица, која се организира преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.

Во рамките на неделата, деновиве ќе се организираат повеќе активности. Денеска, од 9 до 12 часот во тек е фризерско и козметичко студио во дневените центри за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз“, општинските организации на Црвен крст во Чаир и Сарај во соработка со средното училиште „Димитар Влахов”.

Утре, во периодот од 10 до 15 часот во Веро Џамбо се организира хуманитарен базар, а ќе се одржат и три информативни работилници со старите лица за правата од социјална и здравствена заштита и организирање на мобилни тимови во домашни услови кај стари и изнемоштени лица со подршка на УНФПА.

Централниот настан е предвиден за 23 ноември со почеток во Домот на култура „Кочо Рацин” со почеток во 18 часот, каде ќе се одржи хуманитарна изложба насловена „Сеќавања од минатотот”.

Како што информираат од градскиот Црвен крст, социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови е поддржан од Градот Скопје, Албиз Фондацијата, швајцарскиот Црвен крст и Министерство за труд и социјална политика. Целта на програмата е разој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата на активности се вклучени 200 стари лица во домашни услови и повеќе од 1500 лица на месечна основа во дневните центри за стари лица.

АКТУЕЛНО