Search
Search

Со лични карти ќе се патува само ако дозволат соседите, МНР се мобилизира во странство

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имал состанок со сите вработени во нашите 60 дипломатски преставништва во странство за да се мобилизираат и да им излезат во пресрет на тие што ќе се најдат затечени во странство по 12 фебруари. Според Османи во нашите преставништва има зголемен притисок за издавање пасоши поради паниката предизвикана од шпекулациите дека нашите иселеници таму ако останат со невалидни пасоши можат да изгубат работни места или дозволи за престој. Такво нешто, тврди Османи нема да се случи, но сепак МНР ќе ги засили своите активности во странство за да се задоволат барањата за документи.

Како што најави тој, ќе се испратат две дополнителни мобилни станици за издавање пасоши, ќе се работи и во сабота и во недела во ДКП-та и двосменски, ќе се испратат дополнителен број на вработени во преставништвата, ќе се издаваат патни листови за сите што планираат да дојдат во Македонија да аплицираат за документи, ќе се отворат „шалтери“ на аеродромите каде што тие ќе им се даваат за да се олесни пристапот, таму каде што нема амбасади ќе се користи е-апликација, а за враќање ќе добијат патни лиустови по пошта.

Околу тоа дали ќе може да се патува со личните карти во соседните земји бидејќи тие се валидни за внатрешна употреба, Османи реќе дека одлуката ќе ја донесат самите земји. МНР нема обврска да ги извести земјите дека пасошите со Република Македонија не се валидни, ниту има намера да го стори тоа, но Грција веќе ги известила.

Османи не остави простор Преспанскиот договор да не се почутува а дали ќе има флексибилност во имплементацијата на рокот, тој рече дека ќе зависи од самите земји во Европа и подалеку. Тие ќе решат кога ќе почнат да ја имплементираат одлуката за пасошите, но МНР ќе работи како да ќе нема таква флексибилност.

Османи притоа ги предупреди иселениците пред да дојдат да аплицираат тука за документи да си обезбедат термин и да имаат предвид дека нема да го добијат веднаш.

 

АКТУЕЛНО